June 1, 2013

Носии и везови од Скопска Блатија, Македонија

Oсновниот дел тука е кошулата. Таа традиционално е направена од дебел материјал или коноп. Овој модел е типичен за Македонија и има сличности со моделот на Далмација.

Како што можете да видите, има украси на рабовите, ракавите и од напред. Основните бои што се користат се црна, црвена и златна со мала мешавина на зелено и плаво. Мотивот познат како „9 цветови“ често е вметнат во долниот дел од ракавот, и како што можете да видите, понекогаш се повторува на рабовите и на предниот дел.

Во историјата, забележано е дека жените од овој регион носеле облека наречена саја над кошулата. Ова е вид на наметка со кратки ракави што се отвараат од напред. Над сајата се носела престилка и појас, што ја држела наметката затворена.

Престилката е направена од две правоаголни исткаени парчиња како таписерии зашиени заедно, насобрани на горниот дел и украсено на рабовите. Основната шара традиционално е црвена црна и бела со жолто и зелено како мали акценти.

Mашката носија, покрај чорапите и опинците, се состои од кошула која што е многу натресена во долниот дел, ленени панталони кои што се тесни кај листот а широки во горниот дел, и широк појас, кој што ја држи кошулата на струкот. Над појасот често се носел кожен каиш. Оваа широка кошула изгледа како сукња.

Округла капа од јагнешка волна го потполнува изгледот. Оваа основна машка носија, со мали варијации може да се сретне низ поголемиот дел од Македонија.
 
Украс навезен со монистра наречен костек може да го носат и мажите и жените. Често се обесува околу вратот а другиот крај е ставен во појасот или во џебот. Мене ми изгледа како домашно направена имитација на синџир и џепче за часовник. Има многу варијации и детали од овој украс. Можете да го видите како го носат на некои од сликите во текстов.

Уште неколку слики од овие носии. 
 




Роман Козак [објавено во Македонска ризница, бр. 10]

No comments: